Една милијарда и петстотини триесет милиони евра странски директни инвестиции влегоа во Македонија од 2007 година досега. Но, последниве години странските вложувачи дефинитивно ја препознаа Македонија како важна инвестициска дестинација, па интересот за отворање бизнис во нашата земја не стивнува. Само од инвеститорите кои склучија договори, веќе почнаа градба на објекти или стартуваа со процедурите за обезбедување на персонал и опрема, заклучно со наредната година инвестициското салдо треба да се покачи за околу 200 милиони евра и тоа гринфилд инвестиции. Британски Џонсон Мети" веќе ја гради својата втора фабрика во Бунарџик, во која вложува 60 милиони евра, инвестиција вредна 25 милиони евра има Кемет Електрониксс, втора фабрика во Штип вредна 20 милиони евра ќе отвори Џонсон Контролс. Следната година ленти треба да се сечат и во германски Кромберг и Шубертт, инвестиција од 20 милиони евра, исто така и во германски Дрекслер Мајерр, кој вложува 25 милиони евра.
Една милијарда и петстотини триесет милиони евра странски директни инвестиции влегоа во Македонија од 2007 година досега.
Но, последниве години странските вложувачи дефинитивно ја препознаа Македонија како важна инвестициска дестинација, па интересот за отворање бизнис во нашата земја не стивнува. Само од инвеститорите кои склучија договори, веќе почнаа градба на објекти или стартуваа со процедурите за обезбедување на персонал и опрема, заклучно со наредната година инвестициското салдо треба да се покачи за околу 200 милиони евра и тоа гринфилд инвестиции.
Британски "Џонсон Мети" веќе ја гради својата втора фабрика во Бунарџик, во која вложува 60 милиони евра, инвестиција вредна 25 милиони евра има Кемет Електрониксс, втора фабрика во Штип вредна 20 милиони евра ќе отвори Џонсон Контролс. Следната година ленти треба да се сечат и во германски Кромберг и Шубертт, инвестиција од 20 милиони евра, исто така и во германски Дрекслер Мајерр, кој вложува 25 милиони евра. Тука се и инвестициите на италијански Технокозее од 10 милиони евра, на руски Протек Групп од пет милиони евра, швајцарски Еинфлоуу од исто така пет милиони евра и на белгиски Ван Хулл од 20 милиони евра. Вчера во општина Илинден беше поставен камен темелник на фабрика за заштитна опрема на холандската компанија ВПРЕКС, во која се вложени два милиона евра.
Бенефитите од странските, посебно гринфилд инвестиции се повеќекратни, а еден од нив е извозот. Само двете фабрики кои работат во слободната зона Бунарџик кај Скопје создаваат 16% од вкупниот македонски извоз, а се проценува дека во 2014 година кога ќе станат активни и погоните на другите фабрики кои сега се во градба, нивното учество во извозот ќе се подигне на 35%, или ќе изнесува повеќе од една третина од вкупниот извоз.
Нови вработувања е следната придобивка од гринфилд инвеститорите. Се проценува дека во наредните неколку години овие странски работодавци ќе вработат околу 9.000 лица. Сегашните најави се следните: Џонсон Мети" планира 100 нови работни места, Кемет Електрониксс - 500, Џонсон Контролсс - 1.427, Кромберг и Шубертт - 2.500 Дрекслер Мајерр - 4.000, Технокозее - 200, Протек Групп - 150, Еинфлоуу - 100, Ван Хулл - 500, а ВПТЕКС 180 нови вработувања. Со ова во следниот период се очекува раздвижување на пазарот на труд, а значајно е тоа што дел од компаниите почнуваат со барање на работници за работа преку Агенцијата за вработување.
За странските инвеститори најинтересни се покажаа технолошко индустриските развојни зони - ТИРЗ, па Владата не се воздржува да ги гради низ целата држава. Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев вчера објави отворање на уште една, во Свидовица, кај Струмица. На површина од 24.800 квадратни метри, струмичката зона ќе биде опремена со енергетски, телекомуникациски, водоводни системи и во неа ќе биде лоцирана и управна зграда и царински терминал.
- Зоната ќе биде од големо значење за локалниот економски развој на струмичкиот регион. Во идниот период по комплетирањето на сите процесни претпоставки ќе се преземат постапки за започнување со градежните работи за изградба на зоната во првиот квартал од 2013 година - рече Ѓорѓиев.
Според Акцискиот план Владата активно спроведува постапки за отворање технолошко-индустриски зони и во Кичево, Тетово, Прилеп, Гевгелија, Ранковце, Струга и Радовиш. Зоната во Прилеп е основана и во текот на следната недела ќе се објави оглас за избор на економски оператор за изградба на дел од основната инфраструктура. За ТИРЗ Гевгелија следниот месец ќе биде објавен оглас за изградба на дел од внатрешната инфраструктура, за Ранковце наредниве денови се очекува потпишување на Договор за проектирање, а во текот на декември годинава се очекува и објавување на постапката за нејзина изградба. Пред една недела заврши постапката за проектирање на технолошко-индустриската зона во Струга, додека во завршна фаза се геомеханичките и хидролошките истражни работи за формирање на зоната во Радовиш, а по завршувањето на оваа фаза и на експропријација на земјиштето ќе следи основање на зоната. Ширењето на зоните низ целата држава дава можност за вработување на локалното население, како и соработка на странските инвеститори кои работат во нив со локални компании на различни нивоа и во различни области, што е значајна стимулација за бизнисот.
Премиерот Никола Груевски, пак, нагласува дека за Владата е значаен секој инвеститор, без разлика дали е домашен или странски.
- Секоја компанија која се одлучува за инвестиција, за реинвестиција на својот капитал, за проширување на својот производствен капацитет, за зголемување на бројот на своите вработени, за модернизација на производството, за зголемување на извозот во странство, претставува пример за почит, за поздрав и посакуван партнер од секоја влада - рече Груевски на вчерашното отворање на новата производна линија на Бионика фармацеутикалсс во Скопје. Тој додаде дека Владата со сите политики и мерки во делот на економијата и натаму ќе остане силен партнер и поддржувач на бизнисот и на приватниот сектор.